Top Sport

„Нејмар во ПСЖ ја загуби магијата“

Белгиецот Томас Мение три години ја делеше соблекувалната со Нејмар во Пари Сен Жермен пред да се пресели во Борусија Дортмунд како слободен играч. Мение помина доволно време со големата ѕвезда за да може да коментира дека „повеќе нема магија во нозете на Бразилецот“.

„Морам да признаам дека бев негов голем обожавател кога играше во Барселона. Доколку имав 10 години, ќе го имав неговиот постер во мојата соба. Сепак, ми се чини дека во Париз ја загуби магијата“, рече Мение за својот поранешен соиграч.

Нејмар неодамна изјави дека сака да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен и покрај многуте шпекулации за неговата иднина на „Паркот на принцовите“.

Тој имаше статистички разочарувачка сезона со 13 гола и осум асистенции на 28 натпревари во сите натпреварувања. Сепак, Бразилецот на 1. јули ја искористи клаузулата во договорот и автоматски го продолжи договорот за една година, па сега е врзан со ПСЖ до 2027 година.

Scroll to Top