Top Sport

Елмас има шест пати помала плата од Влаховиќ – Србинот има најголема плата во Серија А

Душан Влаховиќ е играчот со најголема плата во Серија А. Србинот, во зимскиот преоден рок, го засили Јувентус. „Старата дама“ за неговиот трансфер издвои 82.000.000 евра. На листата на најплатени играчи на првите 17 места се фудбалери на Јувентус и Интер. Најплатен играч на актуелниот првак Милан е Алесандро Флоренци. Со недела плата од 106.000 евра тој се наоѓа на 32.место.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, во Наполи неделно заработува 36.923 евра, што на годишно ниво избесува 1.920.000 евра. Нема информации за платата што ја добива Илија Несторовски во Удинезе.

Според порталот „Capology“ кој се занимава со финансиите во фудбалот и платите на фудбалерите, Влаховиќ неделно заработува 250.000 евра неделно, што значи дека неговата годишна плата е 12.960.000 евра.

Јувентус троши убедливо најмногу бидејќи на второто и третото место на листата се голманот Војчех Шчесни и стоперот Леонардо Бонучи со плати од 230.000 евра неделно.

Следни се Лаутаро Мартинез и Марсело Брозовиќ од Интер со 213.000 евра, исто толку заработува и Бразилецот од Јувентус, Алекс Сандро. Зад нив се играчите кои се вратија во Серија А, Ромелу Лукаку и Пол Погба (200.000 неделно).

Горниот дом го затвораат Един Џеко (Интер), Хакан Чалханоглу (Интер), Федерико Киеза (Јувентус), Бремер (Јувентус), Хуан Квадрадо (Јувентус) и Николо Барела (Интер) со 178.000 евра неделно.

Scroll to Top