Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез моментално е без клуб откако му истече договорот со Атлетико Мадрид. Суарез претходните две сезони играше со многу успех во Атлетико, но летово го напушти клубот откако не успеа да постигне договор за продолжување на соработката.
Суарез е во Барселона, каде напорно тренира во тренинг центарот на каталонскиот клуб.
Откако се појавија шпекулации дека би можел да замине во Серија А или Премиер лигата, се чини дека Суарез конечно ја донесе својата одлука и како што стојат работите тој ќе ја напушти Европа.
Шпанските медиуми утринава објавија дека Суарез донел одлука да потпише за Лос Анџелес и ќе игра во американската МЛС.
Наводно, Суарез бил охрабрен од доаѓањето на Герет Бејл и Џорџо Киелини во овој клуб и сфатил дека заминувањето во САД и не е толку лош потег за него на крајот од кариерата.
Се очекува Суарез во наредните денови да отпатува за Лос Анџелес каде ќе ги помине лекарските прегледи и потоа ќе го потпише договорот.
Оваа информација ќе ги растажи навивачите на неговиот прв клуб, Национал, кои покренаа петиција на социјалните мрежи, клубот да го врати напаѓачот во Монтевидео.