Top Sport

Вардарци билдаат кондиција на Арената (ФОТО)

Ракометниот првак Вардар 1961 ги почна подготовките за новата сезона во која за првпат нема да биде дел од Лигата на шампионите. Но, тоа не значи дека не сака да ги одбрани трофеите во домашните натпреварувања.

Вардарци во моментот мораат да импровизират со оглед дека е зафатена салата „Јане Сандански“, а новиот тренер Владо Недановски утринскиот тренинг го закажа на арената „Тодор Проески“. Ракометарите билдаа кондиција на тартан патеката.

Scroll to Top