Искусниот шведски стратег, Свен Горан Ериксон, ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Камерун. Ериксон, со оваа своја одлука, во „тесно“ го стави Ирак, бидејќи со Фудбалскиот сојуз на оваа земја ги договорил речиси сите детали за да го преземе националниот тим.
Камерунците реагирале во последен момент и го убедиле 70-годишниот тренер да ја смени одлуката. Наскоро тој треба да биде официјално назначен на новата функција.
Селекцијата на Kамeрун го пропушти Светското првенство во Русија, поради што главна задача на Ериксон ќе биде да го подготви тимот за одбрана на Купто на Африка.
Камерун во 2017 година го освои континеnталниот шампионат, а титулата ќе ја брани наредната година на домашен терен.
Поранешниот селектор на Англија, Мексико и Брегот на Слонова коска без работа е од јуни 2017 година кога доби отказ во кинескиот клуб Шенжен.