Жерард Пике нема најдобри неколку месеци, откако покрај неговата разделба со долгогодишната партнерка Шакира, која ги наполни страниците на шпанските таблоиди, и неговото досега сигурно место во првиот тим на Барселона стана неизвесно поради пристинувањето на Жил Кунде од Севилја.
Во негова одбрана застана поранешниот капитен на каталонскиот гигант и негов поранешен соиграч, Карлес Пујол.
„Имав среќа во мојата кариера да споделам соблекувална со многу фудбалери, а Жерард без сомнеж е еден од најконкурентните. Минатата сезона тој беше еден од најдобрите фудбалери во клубот и одигра многу натшпревари и покрај повредите и проблемите за да помогне на Барселона. Ако е 100 отсто подготвен и следната сезона, има малку дефанзивци на светот кои можат да го постигнт неговото ниво. Барселона станува посилна и има конкуренција за секое место и тоа е позитивно за тимот“, вели Пујол.