Top Sport

Милинковиќ-Савиќ е „опцијата Б“ за Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед се подготвени да дадаат понуда од 42 милиони фунти за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кого Ерик Тен Хаг го издвоил како алтернатива за Френки де Јонг, кој одбива да се раздели со Барселона и покрај тоа што двата клуба се имаат договорено веќе речиси цел месец.

Според италијанскиот весник „Ил месаџеро“, 27-годишниот српски репрезентативец, кој честопати беше поврзуван со Јунајтед и во минатото, може да замине од Рим, но претседателот на Лацио, Клаудио Лотито бара најмалку 59 милиони фунти. Лацио, пак, замена за СМС може да најде во Пјотр Зиелински од Наполи, кој веќе работеше под Маурицио Сари.

Милинковиќ-Савиќ е во Лацио од 2015 година, постигнувјќи 58 гола во 294 настапи, во флексибилна улога на теренот, играјќи од одбраната до нападот.

Scroll to Top