Top Sport

Роналдо се потсмеваше со фановите на Атлетико и им порача на новинарите да продолжат да лажат

Кристијано Роналдо и неговата иднина повторно е главна тема и овој преоден рок, по неговата желба да замине од Манчестер јунајтед само една година по камбекот, но тоа речиси сигурно нема да биде во Атлетико Мадрид, откако Португалецот јасно покажа што мисли за ваква идеја.

Навивачите на Атлетико порачаа дека ЦР7 не е добредојден на „Ванда метрополитано“ поради неговата долга кариера во лутиот ривал, Реал Мадрид и на неодамнешниот пријателски меч со Нумансија објавија транспарент на кој пишуваше: „ЦР7 не е добредојден“.

По „тишината“ на социјалните мрежи, тој реагираше со насмеано емоџи, јасно порачувајќи дека такво нешто нема да се случи.

Тој имаше и порака за сите шпекулации кои се јавуваат во медиумите околу неговата иднина.

„Невозможно е да не се зборува за мене еден ден. Во спротивност, печатот нема да заработуваа ништо. Знаете дека ако не лажете нема да го привлечете вниманието на луѓето. Продолжете така, еден ден ќе ги погодите вестите“, одговори Ронало.

Scroll to Top