Top Sport

Нотингем форест со 12-то засилување, потрошија над 85 милиони фунти

Повратникот во англиската Премиерлига, Нотингем форест реши со инвестиции да си ги зголеми шансите за опстанок во елитата, откако Орел Мангала стана нивното 12-то засилување во летниот преоден рок.

24-годишниот белгиски фудбалер од средниот ред, Мангала, доаѓа од Штутгарт за 12.75 милиони фунти и е неверојатно 12. летно засилување за тимот н Стив Купер, кој се врати во Премиерлигата по пауза од 23 години со трошок од над 85 милиони фунти.

Поранешниот ас на Манчестер јунајтед Џеси Лингард е најзвучното име, а од Јунајтед на позајмица пристигна голманот Дин Хендерсон. Форест купија уште еден голман, Вејн Хенеси од Барнли, а во тимот пристигнаа и Рајан Хемонд (Милвол), Таиво Авонији (Унион Берлин), Жулијан Бјанконе (Троа), Муса Нијахате (Мајнц), Омар Ричардс (Баерн Минхен), Неко Вилијамс (Ливерпул), Брендон Агилера (Алахуенсе), Хери Тофоло (Хадерсфилд) и Луис О’Брајан (Хадерсфилд).

Scroll to Top