Македонската кошаркарска репрезенација до 18 години, доживеа тежок пораз од Франција од 47:104 (15:39, 6:25, 8:25, 18:15) на Европското првенство во Измир, Турција.
По само пет минути игра, Французите имаа 15:5 предност, за во прватаа четвртина да дадат речиси 40 поени (39:15) за да најават убедлива победа. Ваквиот тек на играта продолжи и во следните две четвртини, во кои македонските кошаркари уфрлија само 14 поени, додека Французите имаа дури 50 поени.
Петар Башоски со 12 поени беше најефиксен, додек по шест поени има Петар Бошалески и Андреј Шошкиќ. Следниот меч на јуниорите е веќе утре против Велика Британија.
Фото: КФМ