Тоа што еднаш беше големото македонско дерби, мечот помеѓу Пелистер и Вардар, овојпат беше само пријателски меч на два второлигаши, одигран во селото Црно Буки во чест на Трајан Кочишки-Куља.
Вардар двапати водеше во текот на мечот, но на крајот резултатот беше 2:2, најавувајќи дека двата клуба со огромна репутација и со голем број на фанови ќе водат интересна битка во Втората лига во новата сезона.
Фото/Видео: ФК Пелистер