Жозе Мурињо е пред носење на уште едно импресивно засилување во Рома, откако „волчицата“ даде конкретна понуда за поранешниот капитен на Торино, Андреа Белоти.
28-годишниот италијански репрезентативец е слободен играч откако му истече договорот со Торино, каде што помина седдум сезони, и според „Калчомеркато“, Рома смета на неговите услуги како засилување на нападот покрај Теми Абрахам, и се чека само Елдор Шомуродов да биде позајмен на Болоња.
Рома му нудат на Белоти двегодишен договор со опција за уште една сезона и годишна плата од 2.8 милиони по сезона, која може да порасне на 3.5 милиони евра со бонусите. Рома очекува одговор од Белоти и неговата сопруга, која му е агент на фудбалерот во текот на следната недела.
#ASRoma–#Belotti, c'è l'offerta. E il Gallo preferisce restare in Italia: i dettagli https://t.co/PCD6xph17g
— calciomercato.com (@cmdotcom) July 31, 2022