Top Sport

Милан убедлив против Марсеј на „Велодром“

Италијанскиот шампион Милан стигна до рутинска 0:2 победа на гости кај Олимпик Марсеј во тест-натпревар пред стартот на новата сезона во Серија А.

Во доминантното прво полувреме, „росонерите“ поведоа преку Жуниор Месијас по само 11. минути игра, пред Оливие Жиру да покаже дека и во новата сезона ќе биде „ударната“ сила на Милан со гол во 28. минута од мечот.

Атмосферата на пријателски меч ја наруши Сулејман Туре, кој успеа да добие два жолти картони за само две минути, за Марсеј да остане со играч помалку во 79. минута од мечот.

Scroll to Top