Top Sport

Осорио повеќе не е селектор на Мексико

Колумбискиот тренер, Хуан Пабло Осорио, повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Мексико. Осорио реши да отстапи од функцијата по три успешни години.

Челниците на Фудбалскиот сојуз на Мексико, биле задоволни од работата на Осорио, имале желба соработката да продолжи, меѓутоа 56-годишниот ја одбил таа можност.

„Благодарност до сите за поддршката, професионалноста и големото искуство што јас и мојот штаб го доживеавме на клупата на Мексико“, рекол Колумбиецот.

Осорио како селектор на Мексико забележал 33 победи на 52 натпревари.

На Светското првенство во Русија, Мексико испадна во осмина-финалето од Бразил со резултат 0:2.

Scroll to Top