Двојниот шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо, од следната сезона ќе биде возач на Астон Мартин, потврдија од клубот. Алонсо во тимот на Астон Мартин доаѓа како замена за четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел. Германецот најави дека на крајот на оваа сезона ќе замине во пензија.
Фернандо Алонсо оваа година настапува за Алпин, а со Астон Мартин ќе потпише повеќегодишен договор. Тој следната сезона за клупски колега во Астон Мартин ќе го има Ленс Строл.
BREAKING: Fernando Alonso will join Aston Martin from 2023 on a multi-year contract #F1 pic.twitter.com/dfwktaMk6F
— Formula 1 (@F1) August 1, 2022