Top Sport

Фенербахче го потврди пристигнувањето на Алиоски!

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски има нов клуб, откако турскиот гигант Фенербахче го потврди неговиот трансфер од саудискиот клуб Ал Ахли.

Според нивниот официјален Твитер-профил, Фенербахче се договориле за позајмица од Ал Ахли, и поранешниот фубалер на Лидс јунајтед, ќе пристигне вечерва во Истанбул за комплетирањето на договорот.

30-годишниот Алиоски произлезе од школата на швајцарскиот Јанг Бојс, по што играше во Шафхаузен и Лугано, пред во 2017 година да премине во Лидс јунајтед, помагајќи славниот клуб да се врати во Премиерлигата со 161 настапи и 21 гола за англискиот клуб, пред минатото лето да направи трансфер во Саудиска Арабија.

Scroll to Top