Саџат Гариби, човекот кој стана славен на Интернет како „Иранскиот Хулк“ беше посрамотен во своето боксерско деби во Дубаи, каде што загуби од уште еден „џин“, „Казахстанскиот Титан“, бодибилдерот со вистинско име Џуманов Алмат Бахтјович.
Гариби, кој претходно требаше да боксува со „најстрашниот човек на светот“, британскиот бодибилдер Мартин Форд, според снимките кои се појавија од мечот, очигледно нема искуство во борбите, добивајќи вистински ќотек од својот ривал, а во еден момент изгледа како да се врти и сака да замине од рингот. Крајот на мечот дојде бргу, уште пред крајот на првата рунда, кога тој доби силен удар со десницата. По мечот, Хулк се извини.
„Немам што да кажам освен дека сум засрамен и се извинувам на иранскиот народ“, изјави Гариби, а неговиот тренер посочи дека тој имал само две недели да се подготвува за мечот.
Somebody please pay Iranian Hulk to never step foot inside a boxing ring again pic.twitter.com/Ip3IH4wiyc
— Bowls,Beers,Brawls (@Bowl_Beer_Brawl) July 31, 2022
What am I witnessing here ??? #Wickednbad #iranianhulk pic.twitter.com/z7fr7Hz9yE
— Rees (@Rees_wba) July 31, 2022