Новото засилување во одбраната на Челси, Калиду Кулибали преку социјалните мрежи го сподели телефонскиот разговор со легендата на „сините“, Џон Тери, барајќи да го носи неговиот славен дрес со бројот 26 на „Стемфорд Бриџ“.
Тери го користеше бројот 26 во целата 19-годишна кариера со Челси, во која беше капитен на клубот и освои пет титули од Премиерлигата, пет ФА купа и трофеј од Лигата на шампионите во 2012. Од неговото заминување во 2017 година, ниту еден друг играч не го носеше овој дрес, пред Кулибали, кој дојде од Наполи да го побара бројот. Во видео од 15 јули, еден ден пред официјалната презентација, Сенегалецот му се јавува на Тери.
„Бројот 26 ми беше навистина посебен во кариерата и ценам што ми се јави. Не е проблем да го земеш, дури ми е задоволство. Ти посакувам многу среќа бидејќи знам колку беше важен бројот за мене и знам дека и ти го носиш. Ќе ми бие задоволство. Оди таму и освојувај трофеи за нас“, одговара Тери.
? July 15th, 2022
Better call…@JohnTerry26 ?
Honored and Proud ??#KK @ChelseaFC pic.twitter.com/uYeVA5y7PL— Koulibaly Kalidou (@kkoulibaly26) August 1, 2022