Top Sport

Лацио го презентираше Матијас Весино

Матијас Весино и официјално е фудбалер на Лацио, потпишувајќи тригодишен договор со римскиот клуб по заминувањето од Интер како слободен играч. 30-годишниот фудбалер од средниот ред беше во Интер до 2017 година, кога тие платија 24 милиони евра на Фиорентина за неговиот трансфер.

Уругвајскиот репрезентивец поголемиот дел од кариерата го помина во Италија, откако играше и за Каљари и Емполи, каде што во 2014/15 работеше со Маурицио Сари, сегашниот прв човек на Лацио.

Scroll to Top