Top Sport

Алиоски се збогува со соиграчите на Ал-Ахли

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски прави трансфер во турскиот гигант Фенербахче. Тој го напушта саудискиот клуб Ал-Ахли и негов нов предизвик ќе биде турскиот шампионат.

Алиоски емотивно се збогува со досегашните соиграчи од Ал-Ахли, порача дека стекнал нови пријатели и дека никогаш нема да ги заборави, посакувајќи им многу среќа во новата сезона и брзо враќање во елитата на Саудиска Арабија.

Алиоски веќе денеска треба да му се приклучи на новиот клуб Фенербахче, откако турскиот гигант вчера го потврди трансферот.

 

Scroll to Top