Пјотр Зиелински ја одбил понудата за трансфер во Вест хем, иако Наполи се согласиле на трансферот „тежок“ 40 милиони евра. Според повеќе италијански извори, полскиот репрезентативец нема намера да игра за клуб од средината на Премиерлигата и проблемот не бил во финансиите, бидејќи „чеканите“ му понудиле годишна плата од 3.5 милиони евра по се зона.
28-годишниот Зиелински, кој има 72 настапи за полската репрезентација, има договор со Наполи до јуни 2024 година со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.
Тој речиси цела кариера ја помина во Италија, каде што беше дел од младинската школа на Удинезе од 2011 година, по што замина во Наполи за 2016 година за 16 милиони евра.
?❌ #Zielinski is not currently interested in the #WestHam proposal.
? The ?? player prefers to play in #UCL and evaluates only clubs that guarantee him the top European competition. ?⚽ #Calciomercato #SerieA #Transfers #WHUFC pic.twitter.com/3msMHiUwLq
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) August 2, 2022