Англискиот премиерлигаш Челси го комплетираше трансферот на новиот најскап лев бек во светот, Марк Кукуреља. Досегашниот играч на Брајтон доаѓа за сума од 55 милиони фунти, плус 7 милиони во бонуси, непосредно пред стартот на новата сезона во Премиерлигата.
Покрај парите за Кукуреља, Брајтон го доби и 19-годишниот дефанзивец Ливај Колвел од Челси на едногодишна позајмица, без опција да биде купен.
„Многу сум возбуден и едвај чекам да истрчам пред фановите на „Стемфорд бриџ“. Ќе биде тоа неверојатно чувство“, изјави Марк Кукуреља при претставувањето.
Кукуреља долго време беше цел на Манчестер Сити, кој на крајот се откажа поради преголемата отштета која ја бараше Брајтон. По ова, Челси сигурно ќе го продаде Маркос Алонсо, најверојатно во Барселона.