Top Sport

Перез го „банкротираше“ тимот на Форс Индија за да го „спаси“!

Возачот на Форс Индија, Мексиканецот Серхио Перез вели дека ја покренал судската парница по која неговиот тим е во стечај во Велика Британија за да го спаси тимот.

Во четвртокот, Мексиканецот ја опиша финансиската ситуација на Форс Индија како критична, и тој призна дека е еден од тие на кои тимот долгува и кој го покренал стечајот на тимот. Стечајниот управник на тимот потврди дека тие ќе продолжат да се тркаат во Ф1 додека трае процедурата, а Мексиканецот преку соопштение се обиде да објасни дека сака само да го заштити тимот и вработените.

„Сакам да се знае мојата верзија на тоа што се случи последните денови, и да објаснам дека главната цел е да се спасат работите на повеќе од 400 мои соработници. Форс Индија е во критична финансиска ситуација подолго време и во средата еден од должниците сакаше да го затвори тимот. Како еден од кредиторите на Форс Индија, јас побарав поинаква процедура во англиските судови, односно стечајот со што тимот ќе продолжи да работи додека не се најде нов сопственик“, се вели во соопштението на Перез.

Индискиот сопственик на тимот, Виџај Малја подолго време се соочува со судење за корупција во Индија поради пропаста на неговата авио-компанија „Кингфишер“, а еден од заинтересираните за купување на тимот е канадскиот милијардер Лоренс Строл, инаку татко на возачот на Вилијамс, Ленс Строл.

 

Scroll to Top