Top Sport

Челси би можеле да го добијат Пулишиќ, но за 65 милиони фунти!

Челси се подготвува да донесе големо засилување на „Стемфорд бриџ“, откако според порталот „Гол“, Борусија Дортмунд најавиле дека би биле подготвени да го продадат младиот Американец, Кристијан Пулишиќ за 65 милиони фунти.

19-годишниот Пулишиќ импресионира со своите игри во Бундеслигата, и за него досега беа заинтересирани Ливерпул, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, и според „Гол“, сопственикто на Челси Роман Абрамович веќе преговара со новиот тренер Маурицио Сари околу тоа дали Пулишиќ е потребен на „сините“.

Абрамович беше присутен на мечот од ИЦЦ помеѓу Челси и Интер во Ница (кој заврши 1:1), бидејќи во близината има куќа во Антиб, каде што е укотвена и неговата јахта. Во Ница беше присутен и Фабио Паратичи од Јувентус, со кого се разговараше за можните трансфери на Гонзало Игуаин, Даниеле Ругани и Матија Калдара.

Пулишиќ има уште две години од договорот со Дортмунд, и во Германија се подготвени да го продадат, за да не мораат на крајот да останат без него без да „ќарат“ нешто. Трансферот на Американецот со хрватско потекло исто така зависи од иднината на Вилијан, кој останува на листата на желби на Манчестер јунајтед и Челси би го дале за 60-тина милиони фунти.

Scroll to Top