Менаџерот на Арсенал, Микел Артета признава дека сака уште засилувања за „топчиите“ по 2:0 победата кај Кристал палас на стартот на премиерлигашката сезона, ико клубот веќе потроши над 100 милиони фунти.
Артета беше полн со пофални зборови за дебитантот Вилијам Салиба, а беше импресиониран и од новите засилувања, Габриел Жесус и Олександер Зинченко, но вели дека до 1 септември клубот може да донесе уште фудбалери.
„Ќе се обидеме да донесеме уште фудбалери. Ако можеме да ги добиеме, тогаш ќе биде одлично, но и вака сум задоволен од мојот тим, фокусот мора да биде на тие момци. Мораме да најдеме вистинска рамнотежа во тимот, но важно е што победивме и што ја зголемивме самодовербата. Секогаш има работи кои можат да бидат подобри. Арон Ремсдејл беше фантастичен на голот, Салиба беше фантастичен и требаше да дадеме уште голови“, вели Артета.