Сасуоло изненадувачки беше поразен во 1. коло од Купот на Италија од Модена со 3:2, а надвор од стадионот дојде до голем скандал. Шампионот на Европа со Италија, Доменико Берарди (28), не можејќи да ги трпи навредите и провокациите, тргна физички да се пресмета со еден навивач.
На крајот мораа да реагираат специјалците, а еден од членовите на стручниот штаб на Модена некако успеа да го задржи Берарди.
— LeLacrimediLautaro19?? (@SDebbia) August 8, 2022