Антонио Конте ги отстранил Танги Ндомбеле, Џовани Ло Селсо, Серхио Регуилон и Хери Винкс од првиот тим, оставајќи ги да тренираат самостојно додека не се најде купувач.
Според „Ивнинг стандард“, Конте се решил на ваков потег по враќањето во Лондон од турнејата на Јужна Кореја, а клубот им објаснил дека тренерот може да работи само со „одреден број на играчи“.
25-годишниот Ндомбеле дојде во Тотенхем за рекордни 65 милиони фунти од Лион во 2019 година, но не успеа да се наметне во првиот тим, и веќе е понуден на Њукасл откако во Лондон пристигнаа Ив Бисума и Родриго Бентанкур. Ло Селсо, пак, минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во Лион, а за него се заинтересирани повеќе италиански клубови.