Top Sport

Рибарот Фабио Контреао доби суспензија иако е во пензија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Фабио Коентрао доби суспензија од еден меч и казна од 850 евра и покрај тоа што се пензионираше една година за да се посвети на кариерата како рибар.

34-годишниот Коентрао беше казнет од Португалската фудбалска федерација (ФПФ) за навреда при 3:3 ремито на неговиот поранешен клуб Рио Аве против Бовиста минатиот април. Но, тој веќе е во фудбалска пензија од минатата година, за да купи три рибарски брода во неговиот роден Сетубал и да основа мал бизнис со 45 вработени.

„Мојот татко секогаш имаше брод и го интересираше рибарењето. Знаев дека еден ден ќе завршам со фудбалот и дека ќе одам во поинаква насока. Мојата среќа е во оваа земја и ова море. Нема срам во животот на море како што мислат многумина. Вистинските мажи одат на море. Сакам до мојата 40-та година да имам 10 брода. Кога имав 15 години сакав да одам во Реал Мадрид и знаев дека е тешко, но ова што ме чека е можеби уште потешко“, вели Коентрао кој играше и за Бенфика, Монако и Спортинг Лисабон во кариерата.

Scroll to Top