Ливерпул му дадоа нов петгодишен договор на тинејџерот Харви Елиот со кој тој ќе остане на „Енфилд“ барем до 2027 година, откако менаџерот Јирген Клоп призна дека тој е иднината на клубот.
Елиот, кој пристигна во Ливерпул од Фулам пред три години, оваа сезона ќе биде во игра да биде стартер под Клоп, и доби значително зголемување на платата. Тој имаше импресивна сезона на позајмица со Блекбурн во 2020/21, пред минатата сезона да има незгодна повреда на скочниот зглоб во декември.
„За нас како клуб, продолжуваме со нашиот пат со ова посебно младо момче, кое веќе имаше големо влијание на Ливерпул. Харви може само да биде подобар со клубот за кој секогаш навивал. Лани повредите го успорија прогресот, но сите веруваме во него“, изјави Клоп.
Our diamond is here to stay ? pic.twitter.com/vF3kiTEE1X
— Liverpool FC (@LFC) August 11, 2022