Поранешната ѕвезда на Челси, Арсенал и Тотенхем, Вилијам Гала смета дека Ливерпул оваа сезона нема да успеат да влезат во топ 4 во Премиерлигата бидејќи дозволија да го загубат Садио Мане, кој направи трансфер во Баерн Минхен.
„Црвените“ на Јирген Клоп минатата сезона завршија само еден поен зад шампионот Манчестер сити, а во шесте години под германскиот менаџер постојано се во топ 4. Но, по 2:2 ремито кај Фулам, Гала верува дека почнува „падот“ на тимот.
„Како поранешен фудбалер во Лондон, морам да навивам за Челси, Арсенал или Тотенхем за титулата. Во топ 4, мислам дека Ливерпул ќе го пропуштат пласманот бидејќи го немаат Садио Мане, а Луис Дијаз не е таков фудбалер. Исто така, Ливерпул примаат и многу голови, како што видовме против Фулам. Мислам дека ќе бидат Сити, Челси, Арсенал и Тотенхем“, предвидува Гала.