Top Sport

Диего Коста се враќа во Шпанија, ќе му биде соиграч на Димитриевски!

Поранешната ѕвезда на Челси и на Атлетико Мадрид, Диего Коста се враќа во шпанската Ла лига со Рајо Валјекано, клубот кому пред 10 години му помогна да опстане во елитата и каде што игра македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски.

33-годишниот Шпанец со бразилско потекло, ќе потпише едногодишен договор со опција за уште една, со годишна плата од 1.5 милиони евра, објавува шпанската „Марка“. Тој се враќа на фудбалот по речиси осум месеци неактивност, откако последниот меч го одигра на 12 декември 2021, кога помогна на Атлетико Минеиро да ја освои титулата од Копа до Бразил, по што се врати во Мадрид, каде што тренираше индивидуално.

Во Рајо тој повторно ќе биде соиграч на уште еден ветеран, Радамел Фалкао, со кого играше во Атлетико Мадрид и во Челси.

Scroll to Top