Серија инциденти го обележаа синоќешниот натпревар од третото коло во Лига Европа помеѓу Партизан и АЕК. Кипраните успеаја да го елиминираат српскиот тим со вкупен резултат 4:3.
Навивачите на Партизан незадоволни од резултатите од почетокот на сезоната, во текот на целиот натпревар скандираа против клупските челници, бараат нивни оставки. Во финишот на првиот дел се случи тепачка на источната трибина, поради што интервенираше полицијата.
По завршувањето на натпреварот навивачите ги построија фудбалерите пред јужната трибина, поголем инцидент спречија редарите.
Инцидент, по завршувањето на натпреварот имаше и на атлетската патека. Поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Ненад Томовиќ, физички нападна фото-репортер. Томовиќ тврди дека во текот на натпрвеварот фото-репортерот го пцуел него и неговите деца.
34-годишниот дефанзивец, кој играше за Црвена Звезда од 2006 до 2009 година, во кариерата има 22 настапи за репрезентацијата на Србија.
https://twitter.com/reflektorsport/status/1557841714727059457