Фудбалскиот клуб Јувентус денеска потврди дека го ангажирал српскиот репрезентативец Филип Костиќ од Ајнтрахт. Костиќ ќе потпише договор со „старата дама“ до 2026 година.
„Фудбалер со голем талент, сила и брзина, способен да ја покрие целата страна. Левоногиот крилен напаѓач кој во изминатите години покажа дека може да го покрие секој дел од теренот, но ужива да влегува во нападот и по потреба да дели асистенции“, се вели меѓу другото во описот на Костиќ на веб-страницата на Јувентус.
Kostić ????????? ✅⚪️⚫️#WelcomeFilip
— JuventusFC (@juventusfcen) August 12, 2022
Според специјализираниот сајт за фудбалски трансфери „Трансферамаркт“, Јувентус за ангажманот на Костиќ на Ајнтрахт му платил 12.000.000 евра на Ајнтрахт Франкфурт.
Костиќ кариерата ја започна во Раднички од Крагуевац, кој од трансферот ќе добие 200.000 евра на име на солидарниот фонд.
Српскиот репрезентативец во кариерата настапуваше и за Гронинген, Штутгарт и Хамбург, а за репрезентацијата има одиграно 48 натпревари на кои постигнал три гола.