Top Sport

На Ристовски и Спортинг им „избега“ победата над Јувентус

Стефан Ристовски доби шанса да дебитира во натпреварите од Лигата на шампиони со својот Спортинг од Лисабон, за да помогне португалскиот тим да стигне 1:1 реми со Јувентус со што останаа на третото место во групата Ц зад Барселона и Јувентус.

Спортинг поведе во 20. минута од мечот, кога по еден удар на Желсон Мартинс, Бразилецот Бруно Сезар успеа да го совлада Буфон.

Embed from Getty Images

Во 58. минута од мечот, Јувентус ја имаше дотогаш најсериозната шанса, откако Миралем Пјаниќ одлично го пронајде Марио Манџукиќ, меѓутоа тој беше сопрен токму од Ристовски. Јуве имаше и одлична шанса во 69. минута, кога Гонзало Игуаин од близина со удар со глава го најде само голманот Руи Патрисио. Јувентус го пронајде патот до голот, кога по една неуспешна офсајд-стапица, Игуаин во 79. минута не прости.

25-годишниот Ристовски, кој во Португалија дојде од хрватскиот шампион Риека како позајмен играч (со опција за откуп на договорот), доби шанса во тимот откако стандардниот десен бек на тимот, Кристијано Пичини се повреди, меѓутоа тој остави добар впечаток кај дел од фановите кои ја коментираа неговата игра на Твитер. Ристовски претходно имаше настапи за Спортинг само во португалскиот лига-куп.

 

Scroll to Top