Тренерот на Интер, Лучано Спалети вели дека на „нераѕурите“ им се потребни уште две засилувања во летниот преоден рок, но дека има „тешки работи“ кои треба да се комплетираат.
Интер бараат десен бек и веќе подолго време се шпекулира дека Хрватот Шиме Врсаљко од Атлетико Мадрид е блиску до трансфер, а една од главните цели останува и играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Артуро Видал.
„Постојат засилувања, но има тешкотии кои треба да се надминат. Важно е да имаме добра сезона, посебно кога се вративме во Лигата на шампионите и за да ги исполниме очекувањата на фановите потребни ни се вистински фудбалери. Знаеме дека ни недостасуваат двајца фудбалери, но ќе почекаме да видиме дали можеме да ги оствариме целите“, вели Спалети за „Медиасет“.