Top Sport

Конте до Тухел: Среќа што не те видов…

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте се обиде да ги смири страстите по инцидентот со колегата од Челси, Томас Тухел, но тој не можеше да издржи долго и се огласи на Инстаграм половина час по полноќ.

Големото лондонско дерби заврши со поделба на бодовите (2:2), но повеќе се зборува за испадот на тренерите отколку за исходот на дуелот.

„Подобро е да зборуваме за натпреварот. Беше интересно, тешко и за двете екипи, но знам дека сакаме да напредуваме и да бидеме конкурентни. Челзи покажа колку е добар. Поминавме подобро од минатата сезона. Повторувам, не сакам да ја коментирам ситуацијата, бидејќи тоа не е најважно, тоа е проблем меѓу мене и него. Зборувајте за играта, не за ситуацијата, тука сме да зборуваме за фудбалот“, изјави Конте, кој седеше на клупата на Челзи од 2016 до 2018 година.

А потоа Италијанецот сепак ги погази зборовите и ја продолжи „војната“ со колегата од клупата на „сините“. Конте на Инстаграм објави видео од прославувањето на вториот гол на Челзи и Тухел како трча покрај него…

„Среќа што не те видов… заслужи да те сопнам“, напиша Конте.

Поради инцидентот по завршувањето на натпреварот двајцата менаџери добија црвени картони.

Scroll to Top