На низата критики и потсмевања со Манчестер јунајтед по двата порази на стартот на сезоната, посебно по катастрофата од 4:0 на гости кај Брентфорд, се надоврза еден бизарен момент, кога фудбалерот на „ѓаволите“ Антони Еланга му „асистираше“ на противничкиот тим при една контра, момент кој стана вирален на социјалните мрежи.
Еланга во тој момент се загрева покрај аут-линијата, а обидот на Брајан Мбеумо завршува во аут по интервенцијата на Рафаел Варан. Но, Еланга бргу ја крева топката и ја враќа до Мбеумо, кој бргу го изведува аутот до Рико Хенри, додека дефанзивците на Јунајтед се поставуваат во позиција. За среќа на Јунајтед (и Еланга) ова не завршува со значаен обид на голот.
Great assist from Elanga here to keep the Brentford counter-attack going at full-tilt pic.twitter.com/vT2iVzyUms
— Griffin Park Grapevine (Brentford FC) (@bfcgpg) August 15, 2022