Top Sport

Греем Сунес критикуван дека кажа дека фудбалот е „машка игра“

Шкотската легенда на Ливерпул, Греем Сунес вели дека не жали што го опишал фудбалот како „машка игра“, по жестокото 2:2 реми помеѓу Челси и Тотенхем и покрај тоа што оваа изјава предизвика огромни реакции во Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Сунес во анализа на физичката игра на мечот и приодот на судијата Ентони Тејлор, беше воодушевен од тоа што се случуваше на теренот.

„Одеднаш, ова е повторно машка игра. Мислам дека ни се врати фудбалот каков што го сакам, удар по удар, и судијата ги остава да играат“, изјави вчера Сунес додека седеше покрај поранешната англиска репрезентативка, Карен Карни.

Презентерот Дејв Џонс веднаш го поправи: „Ова е исто така и женска игра“, а Бет Ингланд, напаѓачката на Челси и шампионка од Еуро 2022 со Англија го критикуваше на Твитер.

„Каква бесрамна работа да се каже во летото по кое оваа земја го освои првенството“, напиша Ингланд.

69-годишниот Сунес, кој во својата фудбалска кариера беше познат по своите бескомпромисни стартови, вели дека не жали за ниту еден збор кој го кажал.

„Да ви објаснам. Со години велам дека судиите имаат голема улога во успехот на Премиерлигата. Денеска мораш да бидеш внимателен што зборуваш и јас не сум добар за тоа, но станавме како другите лиги. Судиите постојано судат нешто, мечот нема тек и тоа не е добро. Нашиот фудбал секогаш бил уникатен, подиректен, поинтензивен и се оддалечивме од тоа. Вчера во коментарите реков дека ја имаме назад нашата игра. Тоа е фудбалот кој се сеќавам дека го играв и нашата лига ќе биде многу подобра поради тоа“, објасни Сунес.

Да се потсетиме каков играч беше Греем Сунес.

Scroll to Top