Новиот англиски премиерлигаш, Фулам потврди дека српскиот напаѓач Александар Митровиќ останува на „Крејвен котиџ“ со петгодишен договор, откако минатата година играше како позајмен фудбалер од Њукасл.
23-годишниот Митровиќ имаше 12 гола во 17 настапи за Фулам импресионирајќи го клубот со игрите со кои беше еден од клучните во враќањето на тимот од Лондон во Премиерлигата преку третото место во Чемпионшипот и победата над Астон вила во плеј-офот.
„Среќен сум и горд што конечно ќе бидам тука како фудбалер на Фулам. Ги сакам нашите фанови и имам добра врска со нив. Лани направивме големи работи и сакам да продолжиме така и оваа сезона“, вели Митровиќ.
Our no.9⃣!#HereToStay ? pic.twitter.com/T3Kr8YvBo2
— Fulham Football Club (@FulhamFC) July 30, 2018