Top Sport

Пјаниќ шокираше со кошаркарските способности (видео)

Околу иднината на Миралем Пјаниќ многу се зборуваше, посебно по доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, но 28-годишниот фудбалер останува со дресот на „старата дама“ и ја покажа својата неверојатна контрола и на кошаркарскиот терен.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина е со Јувентус во САД на подготовки, и имаше шанси да се запознае со Кенет Фарид од Бруклин нетс покажувајќи дека и тој знае нешто за кошарката.

Според „Калчомеркато“, Пјаниќ може да заврши во Челси како трето засилување за Маурицио Сари по Жоргињо и голманот Роб Грин.

Scroll to Top