Атлетик Билбао доминираа во поседот на топката и во обидите на голот на Мајорка во првиот меч од новата сезона за двата клуба Ла лига, во кој дефинитивно човек на мечот беше голманот на гостите Предраг Рајковиќ, кој ги одбрани сите удари на голот.
Баскискиот клуб имаше две фантастични шанси во првото полувреме, откако Микел Весга ја погоди пречката, а Алехандро Беренгер имаше стоотстотна шанса која ја одбрани Рајковиќ. Мајорка чекаше своја шанса, но во првото полувреме не упати удар на противничкиот гол. Ињаки Вилијамс имаше уште две шанси во второто полувреме, но повторно мајсторски одбрани Рајковиќ.