Top Sport

Фудбалска „демократија“ – навивач му кажува на тренерот кого да стави во игра

Тренерот на Аргентинос јуниорс, поранешниот фудбалер на Барселона, Габриел Милито направи замена во финишот на 2:0 победата над Санта Фе унион во текот на викендот по совет на еден упорен навивач од трибините, по што призна дека по замената „престанал да го замара“.

Милито, кој е брат на поранешната ѕвезда на Интер, Диего Милито, во снимката добива совети од навивачот, кој му вели да уфрли фудбалер од средниот ред, и во 83. минута тој го послушув, внесувајќи ги во игра Николас Рениеро и Тијаго Нус на местото на Федерико Редондо и Гастон Верон. Само неколку минути подоцна, Габриел Авалос го постигна својот втор гол на мечот за потврда на победата.

„Живееме во демократија, целосна слобода. Тој бараше да ставам фудбалер од средниот ред и му кажав дека се согласувам. Проблемот беше кој да влезе во игра. Така што тој е херојот. Не ми кажа име, но барем по одлуката веќе не ме замараше. Веќе не ми пречеше“, вели Милито.

Scroll to Top