Клучните судиски одлуки во англиската Премиерлига ќе бидат по лупа на новиот независен панел кој ќе ги известува 20-те клубови за сите одлуки кои се направени, и прв на „тапет“ ќе биде Ентони Тејлор по контроверзното и бурно 2:2 реми помеѓу Челси и Тотенхем во неделата.
Менаџерите на двата клуба, Томас Тухел и Антонио Конте веќе се под истрага на Фудбалската асоцијација (ФА) за своето однесување во текот на мечот, а посебна истрага има и за Тухел, кој влезе во остри критики на судијата Тејлор, велејќи дека двата гола на Тотенхем требало да бидат поништени, а Тејлор веќе да не ги суди мечевите н „сините“. Тухел сметаше дека Челси беа оштетени откако Кристијан Ромеро го потегна за коса Марк Кукурелја при вториот гол на Тотенхем.
Новиот панел ќе го предводат пензионираните судии Џон Мос и Мартин Еткинсон и целта е да има поголема транспарентност околу судиските одлуки.