Top Sport

Наполи со „петарда“ во Верона, Осимен со совршен одговор за расистичките извици

Наполи стигна до трилер-победа од 5:2 на гостувањето кај Верона за убаво да ја отвори новата сезона во Серија А, во која клубот влегува со големи амбиции за висок пласман. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса да влезе во игра во 75. минута.

Верона прва дојде во водство преку Кевин Лазања во 29. минута од мечот, но до крајот на полувремето, гостите направија пресврт. Новото засилување, Грузиецо Хвича Кваратсхелија прво во 37. минута израмни, пред Виктор Осимен во судиското продолжение да постигне гол за 1:2 и на интересен начин одговори на расистичките извици од делот на навивачите на Верона.

Домаќините не се предадоа и во 48. минута израмнија преку Томас Анри, но потоа „партенопеи“ ја покажаа силата. Кваратсхелија му асистираше на Пјотр Зиелински во 55. минута, за десет минути подоцна Станислав Лоботка да зголеми на 2:4. Матео Политано во 79. минута од мечот зголеми на конечни 2:5.

Scroll to Top