Челси се пред потпис со талентираниот фудбалер од средниот ред на Интер, Чезаре Касадеи, откако дале понуда од 12 милиони евра за 19-годишниот тинејџер, јавуваат повеќе англиски медиуми. Ова е трета понуда на „сините“ за младиот Италијанец.
Обидот да се добие Касадеи покажува дека новите американски газди на клубот, предводени од Тод Бели, сметаат и на иднината, откако го купија 18-годишниот голман Габриел Слонина одд Чикаго фајр, како и 18-годишниот Карни Чуквуемека од Астон вила за 20 милиони фунти. Тие исто така се во трка за талентот на Палмеирас, Ендрик, иако за него се заинтересирани и шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.
Се верува дека ако го добијат Касадеи, тој ќе остане на позајмица во Серија А, бидејќи во тимот на Томас Тухел има голема конкуренција во срединатан а теренот.