Top Sport

Мората „распука“, Атлетико го „збриша“ Хетафе

Атлетико Мадрид имаше совршено отварање на новата сезона од шпанската Ла лига, стигнувајќи до 3:0 победа во „малото“ мадридско дерби кај Хетафе во режија на Жоао Феликс и посебно, повратникот Алваро Мората, кој постигна два гола.

Феликс уште во 15. минута од мечот го најде Мората на работ на шестнаестникот, и фудбалерот кој две сезони беше позајмен на Јувентус, постигна прекрасен гол за 0:1. Истата комбинација на фудбалери во 59. минута донесе 0:2 водство, за во 75. минута, триумфот на тимот на Диего Симеоне да го потврди замената Антоан Гризман.

Scroll to Top