Вулверхемптон ќе ја зголеми португалската колонија. „Рекорд“, пишува дека нов играч на „волците“, за сума од 50.000.000 евра е Матеус Нунес. Лисабонските лавови имаат право на фиксно обештетување од 45.000.000 евра, плус 5.000.000 евра бонуси, кои се поврзани со одреден број на постигнати голови од офанзивниот играч за врска.
Нунес долго беше на радарот на Вулверхемптон, но на почетокот не му се допадна можноста за преселба во Премиер лигата. Сепак, победи упорноста на менаџерот на Вулверхемптон Бруно Лаж, кој добро ги знае квалитетите на овој фудбалер уште од времето кога ја трнираше Бенфика.
„Волците“ во трката за потписот на Нунез го победија Вест Хем, 35.000.000 евра.
Нунес е Португалец, роден во Рио де Жанеиро, со оглед на тоа дека неговата мајка е Бразилка. Сепак, кариерата ја започна во малку познат клуб од областа Лисабон, Ерисеираенсе, а неговите квалитети прв ги препозна Есторил, кој пред три години го продаде во Спортинг за 950.000 евра.