Тројца македонски репрезентативци вечерва со своите клубови ќе играат во плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб гостуваат во Норвешка, каде хрватскиот првак ќе ги одмери силите со Бодо/Глимт.
„Сите добро знаеме што носи овој двомеч со Бодо/Глимт. Вечерва не очекува важен натпревар, но овој Динамо Загреб заслужува да биде дел од групната фаза во Лигата на шампионите. Нашиот клуб има големи цели и уверен сум дека можеме да ги оствариме“, изјави Стефан Ристовски во пресрет на вечерашниот меч на Динамо во Норвешка.
Енис Барди пред неколку дена направи трансфер од Леванте во Трабзонспор и со турскиот првак отпатува на дуелот против данскиот Копенхаген. Тој го очекува дебито во својот нов тим, што можеби ќе се случи веќе на важната пресметка против Копанхаген.