Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, призна дека покажал лошо однесување на натпреварот против Кристал Палас (1:1) кога заработи црвен картон откако удри противнички фудбалер без топка. Тој вети дека тоа нема да се повтори.
„Свесен сум за лошото однесување што го имав. Тука сум да учам од моите грешки и тоа нема да се повтори“, напиша Нуњез на Твитер.
Набргу потоа, уругвајскиот интернационалец објави и фотографија на која го напушта теренот со наведната глава по црвениот картон.
„Се извинувам на сите во Ливерпул. Ќе се вратам“, додаде тој.
Новото засилување на Ливерпул сигурно ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ в понеделник.
Apologies to Liverpool all ✋?
I’ll be back ? pic.twitter.com/iszTdSAx2i
— Darwin Núñez (@Darwinn99) August 16, 2022