Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти неодамна го опиша своето трио Касемиро, Тони Крос и Лука Модриќ како „бермудски триаголник“ во кој се губат противничките играчи, но наскоро тој може да биде растурен, откако според шпанска „Марка“, Бразилецот Касемиро сериозно ја разгледува понудата да се пресели во Премиерлигата во тимот на Манчестер јунајтед.
Според нивните извори, Касемиро ја разгледува можноста за англискиот гигант во брзо време да ја врати својата слава, а неучеството во Лигата на шампионите претставува голема пречка. Од друга страна, Реал Мадрид не би се противел на продажбата на 30-годишниот Бразилец ако тоа е во интерес на клубот, односно ако стигне добра финансиска понуда, а веќе го донесоа Чуамени како потенцијална замена.
„Марка“ додава дека Касемиро добил повеќе понуди ова лето, но сите биле понеинтересни од таа која доаѓа од „Олд Трафорд“.